Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер оствари триумф над Нексе (27:23) во последното коло од групниот сегмент во СЕХА лигата. Тоа е втора победа за „пелистерци“ во групата А од регионалното натпреварување, а деби победа за новиот тандем, тренерот Александар Јовиќ и советникот Звонко Шундовски.
Еурофарм Пелистер подобро го отвори мечот, поведе со 5:3, а на полувремето обезбедија три гола предност (14:11).
Во второто полувреме битолскиот тим имаше и осум гола позитива (24:16), а во завршните мигови Марко Кизиќ одбрани трет седмерец и мечот заврши 27:23, резултат со кој Еурофарм Пелистер заврши на второто место во групата.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Денис Васиљев со шест гола.