Top Sport

Роналдо: Сакам да ја освојам ЛШ со Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Крстијано Роналдо, рекол дека титулата во Лигата на шампионите со екипата од Торино е цел, но не и опсесија.

„Го сакаме трофејот во Лигата на шампионите, фокусирани сме, но не сме опседнати со таа титула. Ќе одиме чекор по чекор, доколку не успееме оваа сезона, ќе се обидеме следната, па повторно потоа. Во секој случај целите на Јувентус се јасни: титула, Куп и секако Лигата на шампиони“, рекол Португалецот за „Газета дело спорт“.

Кристијано досега во кариерата има освоено пет трофеи во Лигата на шампионите (една со Манчестер јунајтед и четири со Реал Мадрид) со максимален учинок во финалните мечеви, пет од пет.

За разлика од Португалецот, Јувентус има пет порази во низа, во финалните мечеви, а низ историјата има две титули во Лигата на шампионите.

Scroll to Top