Ерлинг Халанд постигна пет гола против Лајпциг во триумфот на Манчестер Сити од 7:0 и сакаше уште повеќе, иако со пет гола на меч од Лигата на шампионите ги израмни рекордите на Лионел Меси и на Луиз Адријано.
„Сакав двоен хет-трик, му кажав на Гвардиола по замената, но ништо не можам да направам“, со насмевка прокоментира Норвежанецот кој го собори рекордот на Сити стар 94 години по број на голови во една сезона.
Досега прво место на вечната листа беше Томи Џонсон, по кого е именувана улица во градот. Тој постигна 38 гола во 1929 година. Халанд до крајот, доколку Сити стигне до финале, потенцијално има 19 меча на располагање за да го подобри својот рекорд.
Гвардиола во свој стил одговори на повиците дека го заменил Халанд за да не го собори рекордот на Меси.
„Ако ги урне сите рекорди на 22 години, ќе му биде здодевно“.
Сепак, најмногу смеа предизвика изјавата на менаџерот на Манчестер Сити дека и да освои три титули во ЛШ во низа, неговиот престој на клупата на „граѓаните“ ќе биде прогласен за неуспех.