Куќата на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах била ограбена од негов вработен, потврди египетската полиција објавувајќи дека украдените објекти се запленети.
Бидејќи вилата на Салах е празна додека тој е во Англија, за грабежот се дознало на 12 март, по што полицијата го уапсила човекот кој работел како обезбедување во квартот каде што се наоѓала и куќата на Салах. Крадецот признал дека заедно со уште еден пријател влегле во вилата и оттаму однеле неколку пара копачки, сребрен медал, неколку кристали и повеќе ТВ-приемници.