Јирген Клоп доживеа уште еден пораз од Реал Мадрид како менаџер на Ливерпул. Реал го елиминира Ливерпул во осминафиналето во Лигата на шампионите со вкупен резултат 6:2. Европскиот првак победи во Ливерпул со 5:2, а во реваншот одигран синоќа во Мадрид славеше со 1:0.
„Ако сакате да одите понатаму, мора да имате специјално издание, а ние не го немавме тоа вечерва. Подобриот тим оди понатаму, мораме да го признаеме тоа. Реал ја контролираше играта“, рече Клоп.
Германскиот стручњак се обиде да направи промени во вториот дел, но тоа не му успеа.
„Во три од четирите полувремиња Реал беа подобри. Дури и да игравме нерешено дома, со ова издание вечерва веројатно ќе бевме елиминирани“, заклучи германскиот тренер.