Top Sport

Ветеранот Хулк е фудбалски велемајстор

Атлетико Минеиро се пласираше во Копа Либертадорес откако синоќа, во финалниот натпревар од квалификациите за ова натпреварување, со 3:1 го победи Милионарис.

Играч на натпреварот беше ветеранот Хулк. 36. годишниот напаѓач забележа асистенција и постигна брилијантен гол со кој го потврди пласманот на Атлетико во Копа Либертадорес.

Хулк му асистираше на Паулињо за првиот гол во 48.минута. Паулињо во 81. го постигна вториот гол, а потоа тој му асистираше на Хулк во 88.минута. Ветеранот со ножички го матираше голманот на Милионарис.

Хулк пред две години се врати во Бразил, откако 16 сезони играше во Европа и Кина. Неговиот договор со Атлетико истекува во декември 2024 година.

Scroll to Top