На помалку од 48 часа од стартот на викендот за Белгиското ГП во Спа Франкоршамп, учеството на тимот на Форс Индија е неизвесно, иако тимот неодамна ги реши финансиските проблеми со пакет на инвеститори.
Сепак, овој процес на откуп на клубот од групацијата предводена од Канаѓанецот Лоренс Строл (татко на тркачот на Вилијамс, Ленс Строл), зад себе оставил легални проблеми. „ФПР Адвајзори“, компанијата која го водеше стечајот на тимот, ја прифати понудата на Строл за преземање на тимот, но за тоа да стане легално мора да се добие одобрување од 13 индиски банки поврзани со финансиските проблеми на претходните сопственици на 85 отсто од акциите, Виџај Малја и Субрата Рој.
Бидејќи тоа одобрување не се добило, продажбата на Форс Индија било комплетирано со префрлање на имотот на компанијата „Форс Индија лимитед“ на друга, нова компанија, што значи дека новата компанија нема лиценца за настап во Формула 1, но и дека нема да ги добие парите од ТВ-правата доколку преостанатите 9 тима не се согласат.
Според извештаите од Белгија, адвокатските тимови на сите засегнати страни со помош на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) работат на решавање на проблемот.