Фудбалерите на Манчестер сити први изборија пласман во полуфиналето на ФА Купот. На домашен терен убедливо го поразија лидерот во Чемпионшип, Барнли, со 6:0.
На клупата на Барнли седи легендата на Манчестер сити, Венсан Компани, кој со овации беше пречекан од публиката на „Етихад“.
Дуелот учителот и ученик заврши со очекувана победа на првиот.
Второлигашот добро се држеше во првиот половина час, се до моментот кога Халанд го постигна првиот од трите гола на овој натпревар. Три минути подцна Норвежанецот уште еднаш погоди. Хет-трикот го комплетираше во 59.минута.
хет-трик во 59. минута, а потоа неколку минути подоцна Гвардиола го соблече исто како што направи неодамна против Лајпциг кога постигна пет гола.
Во преостанатиот дел од натпреварот два гола постигна Хулијан Алварез (62. и 72. минута) и 20. годишниот Кол Палмер (68) за конечни 6:0.
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов поради повреда го пропушти натпреварот.