Top Sport

Леклер: Предноста на Ред бул е поголема од тоа што изгледа

Возачот на Ферари, Шарл Леклер вели дека нема утеха што на квалификациите на Саудиското ГП бил само 0.155 секунди зад Серхио Перез, оценувајќи дека предноста на Ред бул е многу поголема од тоа што изгледаше на саботнта сесија.

Леклер иако заврши како втор, ќе стартува како 12. на трката по казна од 10 поени поради менуваање на уредот за електронска контрола на болидот. И покрај подобрувањето на перформансите на Ферари во споредба со првата трка, Леклер не сака да се залажува дека се блиску до шампионот.

„Го дадов максимумот во кругот, но сметам дека разликата која ја имам од Чеко не е реална, бидејќи е многу поголема. Секако, целта е да се стигне Ред бул, но не да се биде втор или трет. Имаме и казна од 10 места, а зад мене ќе биде и Макс, така што сигурно ќе се врати силно. Реалноста е дека ние имаме релативно иста брзина како Алпин, Мерцедес и Астон Мартин, но Ред бул се предалеку“, вели Леклер.

Scroll to Top