Top Sport

Златан: Костакурта нека си го заддржи овој рекорд, одам понатаму

Златан Ибрахимовиќ стана најстариот стрелец во историјата на Серија А, откако вчера постигна гол од пенал (во втор обид) при 3:1 поразот на Милан од Удинезе. Со 41 година и 166 дена тој го сруши рекордот на уште еден поранешен играч на Милан, Алесандро „Били“ Косткурта, кој интересно исто така постигна гол од пенал при пораз од Удинезе во 2007, иако тоа беше на „Сан Сиро“.

„Били нека си го задржи рекордот, овој навистина не ми треба. Горд сум што сум дел од историјата на овој клуб, со фудбалери кои направиле толку големи работи. Голот не донесе поени, што беше најважно. Исто така бев горд што повторно бев капитен, но мечот не беше добар. Немав старт 14 месеци и беше важно да сум во добра форма“, вели Ибрахимовиќ.

Тој исто така ја коментираше и потпросечната форма на Милан оваа сезона.

„Едно е кога играч за да станеш италијански шампион, а друго кога играш како италијански шампион. Сум бил во лична позиција. Кога играш како шампион, тогаш секој меч е како куп финале за твојот противник. Лани беше сосема различно, немаше таков притисок. Нашиот тим нема искуство да игра како италијански шампион и затоа е оваа променлива форма. Тоа не е изговор, но таква е ситуација“, додава ветеранот.

Scroll to Top