Top Sport

Матеус: Баерн нема причина да се плаши од Ерлинг Халанд

Лотар Матеус вели дека Баерн Минхен нема потреба да се плаши од неверојатниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд пред големата пресметка во четврт-финалето на Лигата на шампиони против Манчестер сити.

Германската фудбалска легенда вели дека историјата покажува дека Халанд нема најдобра среќа против Баерн, бидејќи додека беше фудбалер на Борусија Дортмунд во седум меча против Баварците постигнал пет гола, но БВБ ги загуби сите седум меча.

„Халанд играше често против Баерн, и даваше малку голови. Зошто Баерн би се плашеле од него?“, вели Матеус.

Халанд во моментов има осум гола во последните два меча, и вкупно 42 гола за Сити во 37 настапи во сите натпреварувања.

Scroll to Top