Top Sport

Осимен и Наполи се незапирливи, ги прегазија и Торино

На 11 кола пред крајот, само чудо може да го сопре Наполи до третото скудето во историјата, откако „партенопеи“ стигнаа до нова доминантна победа, овојпат со 4:0 на гости кај Торино за да избегаат на 21 поен пред Интер, кои вечерва го играат дербито со Јувентус.

Виктор Осимен ја потврди „жешката“ форма со гол по само девет минути игра, за неговиот партнер во нападот, Квича Кварацхелија во 35. минута од пенал да зголеми на 2:0. Осимен го запиша и својот втор гол во 51. минута за во 68. минута Кварацхелија да му асистира на Танги Ндомбеле за 4:0. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 65. минута од мечот.

Во вториот меч од 27. коло, Фиорентина со автоголот на Гало стигна до 1:0 победа над Лече.

СЕРИЈА А, 27.КОЛО
Фиорентина – Лече 1:0
Торино – Наполи 0:4

Scroll to Top