Шкендија стигна до 2:0 победа на гостувањето кај Скопје за трета победа едноподруго, со што тимот на Ќатип Османи се доближи на само еден поен до второпласираниот актуелен шампион Шкупи, како и на пет поени од лидерот Струга.
Аденис Шаља во 22. минута постигна убав гол за водство на гостите, за во 79. минута победата да биде потврдена со голот на Ералдо Чинари.
Фото: ФК Шкендија