Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти уште еднаш потврди дека не планира многу на Еден Азар оваа сезона, откако неодмана Белгиецот изјави дека воопшто не разговара со италијанскиот стратег.
Азар има само три настапи во Ла лига оваа сезона и само уште еднаш во Копа дел реј, иако на Светското првенство во Катар покажа дека е во солидна физичка форма.
„Не сум тука да делам минути на играчите, туку да победувам. Секогаш го поставувам мојот најдобар тим во стартните 11. Не гледам колку заработува некој или колку чинел на пазарот на играчи, ме интересираат само перформансите“, вели Анчелоти.
Азар има уште една цела сезона од договорот со „Кралевите“, заработувајќи фантастични 600.000 евра неделно како најплатен играч во составот. Тој ги чинеше Реал 140 милиони евра по трансферот од Челси.