Top Sport

Шкендија со рутинска победа кај Скопје за враќање во борбата за титулата

Шкендија стигна до 2:0 победа на гостувањето кај Скопје за трета победа едноподруго, со што тимот на Ќатип Османи се доближи на само еден поен до второпласираниот актуелен шампион Шкупи, како и на пет поени од лидерот Струга.

Аденис Шаља во 22. минута постигна убав гол за водство на гостите, за во 79. минута победата да биде потврдена со голот на Ералдо Чинари.

Фото: ФК Шкендија

Scroll to Top