Ф1 ветеранот, Фернандо Алонсо го загуби својот јубилеен 100. пласман на подиумот, откако доби казна по крајот на Саудиското ГП поради „неправилно отслужување“ на казна, препуштајќи му го третото место на трката во Џеда на Џорџ Расел во Мерцедес.
Возачот на Астон Мартин прво беше казнет уште на стартот на трката поради неправилно поставување на стартот, а потоа кога излезе безбедносното возило на патеката, неговиот тим реши да се отслужи казната. Сепак, стјуардите, решија дека ова не е доволно, и му доделија нова, дополнителна казна од 10 секунди по крајот на трката.
BREAKING: Fernando Alonso is given a 10s penalty for an incorrectly-served penalty, and loses his podium in Jeddah
He drops to fourth, with George Russell moving up to third#SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/PWA3dM3wI4
— Formula 1 (@F1) March 19, 2023