Top Sport

Силва (доби црвен картон) и му порача на Митровиќ да ги контролира емоциите

Менаџерот на Фулам, Марко Силва, му порача на својот напаѓач Александар Митровиќ да ги „контролира емоциите“ по црвениот картон во четврт-финалето на ФА купот против Манчестер јунајтед, иако и самиот тренер доби црвен картон.

Фулам се „самоуништија“ на 20 минути пред крајот на мечот кога имаа 0:1 водство, откако Вилијан играше со рака во шестнаесетникот по ударот на Џејдон Санчо. Додека се консултираше ВАР, Силва доби црвен картон поради протестите, за потоа и на Вилијан да му биде покажан патот кон соблекувалната. Митровиќ потоа ја загуби контролата, го турна судијата Крис Кавана и доби и тој црвен картон.

„Во тој момент Александар мораше да ги контролира емоциите, како сите ние. Мораш да бидеш емоционален, но да имаш и баланс. Понекогаш мораш да се однесуваш така. Ова беше тешка сезона во некои моменти. Знаеме дека сме Фулам, дека немаме иста важност како некои други во англискиот фудбал, но тешко е да се помириш со нкои ситуации“, вели Силва.

Тој исто така смета дека Фулам требале да добијат барем два пенали во првото полувреме, за кои немаше ВАР-проверка.

„Мора да се зборува и за потенцијални три пенали. Ако сакаме да зборуваме за пеналот на Вилијан, исто така треба да ме прашате и за другите ситуации во првото полувреме“, додава Силва.

Scroll to Top