Top Sport

Интер е оштетен во дербито со Јувентус

Ден по дербито на Италија кое го реши Филип Костиќ не стивнуваат страстите во фудбалска Италија. Спорна е акцијата која му претходеше на голот.

Кога топката беше во воздух, Рабио со раката ја „смири“ топката и ја прими, а според познатиот италијански новинар Танкред Палмери истото потоа го направил и Влаховиќ.

„Не можам да поверувам! Влаховиќ со рака ја прими топката. Овој момент не треба да се меша со претходниот, кога Рабио играше со рака. Како судијата Мацолени го гледаше ВАР? Каков скандал“, напиша тој.

Логично лут беше и тренерот на Интер, Симоне Инзаги. Тој тврди дека на сликите јасно се гледа дека Рабио играл со рака и дека тоа е многу сериозен прекршок.

„Она што се случи со рацете на Рабио е премногу сериозно. Овој пат ВАР ни покажа недостаток на почит, особено што велат дека нема слики. Видов најмалку девет различни слики каде што се е јасно“, рече Инзаги.

Scroll to Top