Top Sport

Дмитровиќ повеќе нема да брани за Србија

Србија ги започна подготвките за престојните квалификациски натпревари со Литванија и Црна Гора, за пласман на Европското првенство.

Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, во своето прво појавување пред новинарите по Мундијалот во Катар, откри дека голманот на Севилја, Марко Дмитровиќ решил да се повлече од националниот тим.

Дмитровиќ (31), го известил селкеторот дека сакал да им се посвети на клупските обврски во Севилја.

Дел од српските медиуми пренесуваат дека Дмитровиќ не бил задоволен од третманот што го има кај селекторот и дека поради тоа решил да се повлече. Наводно, на Пикси дополнително го ставил Дмиторвиќ на спискот, кога дознал дека ФИФА се уште не го одбрила настапот на Владан Ковачевиќ, инаку Србин од Босна и Хрцеговина, кој го прифатил повикот да го смени спортското државјанство.

Дмитровиќ во кариерата бранел на 19 натпревари за Србија.

Scroll to Top