Top Sport

Леклер повторно го предупреди Ферари

Ферари забележа втор тежок викенд на почетокот на сезоната, бидејќи Карлос Саинц и Шарл Леклер завршија на шестото и седмото место на трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Леклер уште еднаш го повика тимот да ги подобри своите перформанси.

Возачот од Монте Карло призна дека се надевал на посериозна борба со возачите на Мерцедес, но и дека Џорџ Расел и Луис Хамилтон се покажале недостижни за него и за Карлос Саинц.

„Не знам дали болидите на Мерцедес беа толку недостижни. Се приближив до Карлос на секунда и пол, но повеќе од тоа не успеав. Направив мала грешка, кога бев во ДРС зоната на Саинц и после тоа не можев да направам ништо“, објасни Леклер.

Возачот на Ферари остана доследен на приказната дека Ферари има уште многу работа доколку сака да напредува.

„Не очекува многу, многу напорна работа. Нашите ривали се многу побрзи на правците, беа уште побрзи во свиоците“.

Леклер не ја заврши првата трка, Големата награда на Бахреин, а од почетокот на сезоната во неколку наврати го предупреди Ферари дека тимот мора да ги подобри перформансите доколку сака да влезе во битката за првото место.

Scroll to Top