Top Sport

Хојбјерг побара Конте да „објасни“ што мислел со експлозивното интервју

Додека се очекува дали Тотенхем ќе му врачат отказ на менаџерот Антонио Конте, фудбалерот од средниот ред, Пјер-Емил Хојбјерг побара Италијанаецот да „елаборира“ за коментарите кои ги даде во експолозивното интервју по 3:3 ремито со Саутемптон.

Откако Тотенхем пропуштија 3:1 водство на 17 минути пред крајот, Конте влезе во напад на „себичните“ играчи и го посочи лузерскиот менталитет во клубот кој 20 години е без трофеј. Хојбјерг, пред квалификациите на Данска за ЕУРО 2024 против Финска, вели дека ги разбира фрустрациите, но побара менаџерот да разговара со нив.

„Сите го видовме интервјуто. Тоа беше искрена и отворена прес-конференција. Знам дека не е задоволен. Не го правите тоа ако сте влезени во четврт-финалето на Лигата на шампионите и полуфиналето на ФА купот, и реално е да се признае дека не сме ги оствариле резултатите кои ги посакуваме. Ја сфаќам желбата да се буде успешен, но тој требаше да го елаборира тоа пред играчите“, вели Хојбјерг.

Scroll to Top