Top Sport

Барселона со последна жалба за регистрацијата на Гави

Барселона ќе ја обжали судската одлука со која беше отфрлена нивната регистрација во првиот тим на фудбалерот од средниот ред, Гави, во последен обид да ја решат незгодната ситуација во која се најдоа.

Шпанската Ла лига одби да го регистрира новиот договор на Гави со Барселона оценувајќи дека тие го надминале својот лимит за трошење пред крајот на минатата сезона. Барселона во јануари се жалеше, и судијата реши Ла лига привремено да го регистрира Гави во првиот тим, но во вторникот, судот оцени дека Барселона предоцна ја доставила својата жалба и потребните документи.

18-годишниот Гави потпиша нов договор со Барселна во септември, кој трае до 2026, но Ла лига одбива да го регистрира доколку Барселона не скрати дури 200 милиони евра од своите трошоци пред следната сезона. Годишниот лимит на Барселона е нешто над 600 милиони евра, но се очекува да биде намален за следната сезона.

Во најлош случај за Барселона, Гави може технички да стане слободен агент на крајот на сезоната, иако во Барселона не очекуваат ова да биде проблем. И покрај ова, Гави ќе може да продолжи да игра со Барселона до крајот на сезоната по условите на неговиот претходен договор како јуниорски играч.

Scroll to Top