Голманот на Њукасл, Лорис Кариус и неговата девојка, една од најпознатите италијански спортски репортерки, Дилета Леота потврија дека наскоро ќе станат родители.
„Сакаме да ви кажеме нешто… Но, веќе знаевте нели? Експлодираме од радост. Јас и мојот стомак. Наскоро ќе бидеме тројц“, напиша Леота на Инстаграм.
Леота и поранешниот голман на Ливерпул се во врска од минатат есен. Кариус немаше конкурентен меч повеќе од две години, пред да брани за Њукасл при поразот од Манчестер јунајтед во финалето на англискиот Карабао куп.