По историскиот пласман во полуфиналето на Светското првенство во Катар, продолжува приказната од соништата за мароканската фудбалска репрезентација, откако во пријателски меч со 2:1 го совладаа Бразил, како прва арапска репрезентација која била подобра од „селесао“.
Софијан Буфал и Абделхамид Сабири беа стрелци за Мароко против тимот во кој отсуствуваа Нејмар, Маркињос, Тијаго Силва и Ришарлисон, и кој првпат беше воден од преодниот селектор Рамон Менезеш, и кој им даде први настапи на новите бразилски ѕвезди како Рони, Андреј Сантош и Витор Витор Роке.
Бразилската репрезентација успеа да добие ритам во второто полувреме и да постигне гол преку капитенот Касемиро, но на крајот Мароко славеше славен триумф.