Џошуа Кимих ги отфрли шпекулациите на германските медиуми дека Баерн Минхен решиле да му дадат отказ на Јулијан Нагелсман поради тоа што фудбалерите ја загубиле довербата во тренерот.
Кимих признава дека серијата на „незадоволителни“ резултати на Баварците во Бундеслигата носеле притисок, по 5 победи во последните 10 меча, но тврди дека играчите не ја загубиле доврбата во тренерот.
„Победивме само 5 од последните 10 меча, тоа е точно. Но, не можам да кажам дека тој ја загуби соблекувалната. Веќе сум поминал низ неколку промени на тренери и овојпат немаше никакви индикации дека ја загуби довербата или дека играчите се несреќни. Сите бевме изненадени“, вели Кимих за „ТЗ“.