Top Sport

Рикелме не го загубил „осетот“ и на 44 години

Аргентинската фудбалска легенда, а сега потпретседател на Бока јуниорс, Хуан Роман Рикелме покажа дека го заддржа осетот на теренот, играјќи на меч со легендите на Вилјареал.

44-годишниот поранешен играч на Барселона, кој имаше над 100 настапи за Вилјареал на „Керамика“ играше заедно со играчи како Маркос Сена, Диего Форлан и Роберт Пирес против меч на шпанските легенди како Хуанфран, Иван Кампо и Фернандо Мориентес. Шпанскиот тим победи со 1:0 со голот на поранешниот напаѓач на Селта Виго, Катања.

Но, Рикелме, во својот стар дрес со бројот 8 ги имаше највозбудливите моменти на мечот, како додавањето без поглед, добивајќи фантастична рекција на публиката.

Scroll to Top