Француската репрезентација преку својот Твитер профил го објави говорот на Килијан Мбапе на полувреме од доминантната 4:0 победа над Холандија, негов прв меч како капитен на „триколорите“.
„Браво момци, браво, така е! Така почнуваш еден натпревар. Не им давајте да дишат, не им давајте ништо. Исто да продолжиме во второто полувреме. Само така, момци“, вели Мбапе.
Селекторот Дидие Дешам реши 24-годишниот Мбапе го замени Иго Љорис како капитен во контроверзен потег, кој наводно предизвика незадоволство кај Антоан Гризман. Мбапе постигна два гола и имаше една асистенција за големата победа над Холанѓаните.
In the changing room at half-time with the score at 3-0 in 🇫🇷🇳🇱… 🗣️#FiersdetreBleus pic.twitter.com/mFsf1OR9Av
— French Team ⭐⭐ (@FrenchTeam) March 25, 2023