Top Sport

Тоти го откри пред три години, сега за него се распрашува цела Италија

Два натпревари во дресот на Италија, му ја кренаа цената на Матео Ретеги. Никој во Италија немаше слушнато за овој напаѓач, а сега како што шишуваат медиумите за неговиот потпист се борат Милан и Интер.

Ретеги дебитираше за Италија во четвртокот, во поразот од Англија (1:2). Тој го постигна единствениот гол за Италија, а потоа погоди и во неделата против Малта, во победата (2:0).

23. годишниот напаѓач е роден во Аргентина, каде ја игра целата своја кариера, но има право да игра за Италија бидејќи неговиот дедо е Италијанец. Тој е член на Бока Јуниорс, која секоја сезона го испраќа на позајмица во други аргентински клубови, а од минатата сезона блеска во Тигре, за кој на 51 настап постигна 29 гола.

Меѓу оние кои веќе беа запознаени со квалитетите на Ретеги е и легендата на Рома, Франческо Тоти, кој тврди дека го открил пред три години, а подоцна им понудил на Рома и Сампдорија кои не сакале да го ангажираат, пренесува „Ла Република“.

„Разговарам со неверојатен талент од Аргентина, тој е многу силен, може да игра како центарфор или како крилен напаѓач. Не можам да му го кажам името бидејќи некој друг ќе го земе“, рече Тоти. во 2020 година во разговор во живо на Инстаграм со поранешениот соиграч од репрезентацијата на Кристијан Виери.

Се покажа дека тоа е Ретеги, кого Тоти успеа да натера да потпише со неговата агенција „CT10Management“, но не успеа да ги убеди ниту Рома ниту Сампдорија да го доведат.

Фудбалерот сега го претставува неговиот татко Карлос, а се чини дека неговото деби за италијанската репрезентација ширум му ги отвори вратите на Серија А и тоа во поголеми клубови од оние кои не сакаа да го ангажираат.

Scroll to Top