Вејн Руни признава дека Кристијано Роналдо го добил тоа што го посакувал со заминувањето од Манчестер јунајтед, но вели дека и покрај тоа, Португалецот ќе остане легенда на клубот.
38-годишниот Португалец доби раскин на договорот со Јунајтед минатиот ноември откако во неверојатно интервју го нападна клубот, менаџерот Ерик Тен Хаг, но и поранешните соиграчи како Руни, кого го обвини дека му љубомори што уште игра и што е позгоден од него.
„На крајот, тој го доби тоа што го посакуваше. За клубот, најважно беше бргу да реагираат и да се фокусираат на играчите кои се таму и сакаат да бидат таму. Мислам дека тука Ерик Тен Хаг заврши одлична работа и го крена нивото на тимот“, вели Руни во интервју за „Си-ен-ен“.
Руни, кој останува најдобар стрелец во историјата на клубот не се согласува дека начинот на кој си замиинал ја нарушил репутацијаата на Роналдо кај навивачите.
„Мислам дека тоа што го направи за Манчестер јунајтед беше големо. Освои титули од Премиерлигата, од Лигата на шампиони, постигна многу голови. За фановите и за неговите поранешни играчи, посебно од моето време, тоа никогаш нема да биде заборавено. За мене секогаш ќе биде легенда на клубот и начинот на кој си замина не го нарушува тоа“, додава Руни.