Top Sport

Де Лаурентис нема да штеди при прославата на скудетото на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој не е познат како човек кој сака да троши премногу и секогаш внимава на договорите на своите играчи, ќе го „отвори“ срцето и паричникот со наградите за тимот кој е на неколку недели од обезбедување на скудетото по повеќе од три децении.

Тимот на Лучано Спалети оваа сезона ги изненади сите со фантастичната форма во Серија А и со пласманот во четврт-финалето на Лигата на шампионите (по првпат во историјата). Според весникот „Ил матино“, само Спалети има клаузула за бонус за освојување на скудетото, но Де Лаурентис ќе биде „дарежлив“ кон целиот тим.

Тие тврдат дека газдата подготвил одлични бонуси не само за своите фудбалери (меѓу кои и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас), туку и за целиот технички и медицински тим на клубот.

Scroll to Top