Кристијан Ромеро и Ришарлисон се заканиле дека ќе си заминат од Тотенхем доколку Антонио Конте остане на менаџерската позиција, тврди аргентинскиот „ТуС спортс“.
Конте доби отказ од Тотенхем минатата недела по бизарната прес-конференција по 3:3 ремито со Саутемптон, кога ги обвини играчите дека не се тим и дека се себични. Според аргентинските медиуми ова предизвикало дополнително незадоволство кај дел од фудбалерите, кои и претходно биле во лоши односи со италијанскиот тренер, а Ромеро и Ришарлисон дури се заканиле дека ќе побараат трансфер.
Ромеро играше постојано под Конте, но Ришарлисон беше големо разочарување за навивачите по трансферот од 60 милиони фунти од Евертон без гол во Премиерлигата по низата повреди и слабата форма. Токму Ришарлисон беше предмет на најострите критики на Конте и тоа не само во соблекувалната, туку и јавно на прес-конференциите.
Конте со легендарен одговор: Ришарлисон е во право! Неговата сезона е ср.ње!