Top Sport

Конте со легендарен одговор: Ришарлисон е во право! Неговата сезона е ср.ње!

Атмосферата во Тотенхем, очигледно не е на највисоко ниво по елиминацијата во Лигата на шампиони од Милан, откако по бурното интервју на Ришарлисон кој изјави дека сезоната е „ср.ње“ и беше зачуден зошто менаџерот Антонио Конте не го постави во игра од стартот на мечот.

Сега, Конте признава дека го гледал интервјуто на Бразилецот, кој пристигна од Евертон за 50 милиони фунти, и реши да му одговори директно.

„Да, го гледав интервјуто на Ришарлисон и тој не ме критикуваше мене. Тој кажа: ‘Мојата сезона е ср.ње’ и е во право, бидејќи нема добра сезона со многу повреди. Започна добро со нас, потоа се повреди, па отиде на СП и имаше нова повреда. Потоа паузираше еден месец со нова повреда. Имаше нула голови со нас, само два гола во Лигата на шампиони и мислам дека беше искрен дека неговата сезона не е ддобра. Но, неговата сезона и нашата сезона не е завршена, така што има време да се опорави. Ако заслужува да игра, му давам шанса, ако не, тогаш има и други играчи. Ако ме прашате за остатокот ан интервјуто, мислам дека направи грешка што зборуваше само со ‘јас, јас, јас’, наместо со ‘ние’. Тоа значи дека мислиш само на себе и си себичен. Затоа на моите играчи им велам дека ако сакаат да изградат нешто важно, тогаш треба да зборуваат со ‘ние’“, вели Конте.

Ришарлисон му се извинил на Конте, кој признава дека неговиот тим е премногу „мек“ и дека е потребно единство во клубот.

„Теренот е важен, тактиките се важни, но духот и желбата за борба и оганот во очите се многу поважни. Тоа мора да го сфатат моите играчи за да одиме напред. Имам многу добри момци, но понекогаш не е доволно да се биде добар човек. За да се освои дуел, треба да си незгоден, а не фин“, додава Конте.

Ришарлисон: Нашата сезона е едно големо ср..е

Scroll to Top