Top Sport

Рамос на 37. роденден доби понуда од Саудиска Арабија од 30 милиони евра по сезона!

Шпанскиот ветеран на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос денеска го прослави својот 37. роденден, и наскоро може да му се приклучи на својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо во Саудиската про лига, тврдат шпанските медиуми.

Рамос пристигна на „Паркот на принцовите“ во 2021 година од Реал Мадрид и по прва сезона одбележана со повреди, оваа сезона е стандарден под новиот тренер Кристоф Галтие. Меѓутоа, неговиот договор завршува на крајот на сезоната и не е јасно дали ПСЖ сакаат да го заддржат уште една сезона.

Според „Мундо депортиво“, саудискиот клуб Ал-Хилал му понудил на Рамос договор вреден 30 милиони евра по сезона, со што тој би станал еден од најплатените играчи на светот.

Scroll to Top