Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија и член на Динамо Загреб, Стефан Ристовски, третпат во кариерата е дел од идеалниот тим во првенството на Хрватска, според изборот на Синдикатот на прифесионални фудбалери во оваа земја.
Македонскиот репрезентативец заслужи место во најдобрите 11 со одличните игри во дресот на „модрите“ во изминатата сезона 2021/2022.
Стефан Ристовски претходно беше дел од најдобриот тим во Хрватска и во сезоните 2015/2016 и 2016/2017 кога беше член на Ријека.