Пјер-Емерик Обамејанг неодамна го навлече гневот на навивачите и раководството на Челзи откако отиде да го гледа „Ел Класико“, а по завршувањето на натпреварот во соблекувалната на Барселона ја славеше победата со своите поранешни соиграчи.
Челниците на Челси експресно решија да го раскинат договорот со Габонецот, но не онака како што тој се надеваше. „Сините“ ќе го пуштат Обамејанг да замине но не како слободен играч, што значи дека ќе му проапдне враќањето во Барселона.
Напаѓачот прифатил минимална плата за да се врати на „Ноу Камп“, барем така шпекулираат шпанските медиуми.
The night Aubameyang said fck Chelsea! I am Auba and I am with Barca, I am going to celebrate in Barca dressing room.😭
Video🎥 Via @liarsfcb
pic.twitter.com/C3QkC6t29T— FCB Albiceleste (@FCBAlbiceleste) March 25, 2023
Плановите на Челси се јасни, ќе го пуштат Обамејанг во Барселона, но бидејќи тој е под договор со клубот, за него бараат оштета од 15 милиони евра, односно ја бараат сумата која за него ја платија минатото лето.
Невозможно е Барселона, која има големи финансиски проблеми, да инвестира толкава сума во играч кој има 33 години.
Наводно интерес за Омабејанг покажал Интер, но само доколку може да го позајми од Челси за наредната сезона.