Top Sport

Братот на газдата на Јуве сака неговиот тим да игра како Милан!

Лапо Елкан, братот на газдата на Јувентус, Џон Елкан, и братучед на поранешниот претседател Андреа Ањели беше воодушевен од играта на Милан на „Стадио Марадона“ вчера, кога стигнаа до неверојатна 4:0 победа на гости кај Наполи.

45-годишниот Елкан, кој за разлика од повеќето членови на семејството Ањели нема оперативна улога во Јувентус или во семејната компанија „Ексор“, прво го пофали Рафаел Леао, кој постигна два гола, а потоа изјави дека сака да види слична игра од Јуве.

„Видов како Милан доминираш над Наполи, беа мајстори на теренот и на топката. Навистина би сакал да ги видам моите Јувентус како играаат така“, напиша Елкан на Твитер.

Scroll to Top