Top Sport

Пети: Свирежите кон Меси се навреда за фудбалот

Поранешниот француски репрезентативец Емануел Пети ги коментираше свирежите на навивачите упатени кон Лео Меси на натпреварот од француското првенство помеѓу ПСЖ и Лион (0:1).

„Слушам многу критики кои велат дека Меси шета по теренот. Сепак, Меси е диригент на оркестарот, тој ги насочува своите соиграчи. Кога некој ќе му свирка на таков мајстор, тоа е навреда за фудбалот“, изјави Пети.

Поранешниот светски шампион во 1998 година и европски шампион во 2000 година и поранешен играч на Монако, Арсенал, Барселона и Челзи истакнува дека Меси „треба веднаш да го напушти ПСЖ“.

Договорот на Меси со парижаните истекува на крајот од сезоната, а тој се уште не го продолжил.

„Проблемот на ПСЖ не се играчите како Меси и Нејмар. Треба да знаете како да ги користите. Погледнете ја Аргентина која го опкружи Меси со воини подготвени да умрат и да ја дадат својата крв за него. Ме потсетува на времето кога играв со Зидан. Па, не би му рекол да игра одбрана, јас го правев тоа за да може тој да диригира со оркестарот“, изјави Пети.

Scroll to Top