Top Sport

Халанд ќе биде подготвен за Баерн

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека Ерлинг Халанд ќе биде подготвен за натпреварите со Баерн во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Халанд ги повреди препоните на тренингот на норвешката репрезентација, а ги пропушти и натпреварите против Шпанија и Грузија во квалификациите за ЕП 2024 година.

Гвардиола најави дека норвешкиот напаѓач најверојатно ќе биде во тимот на Манчестер сити на следниот натпревар против Саутемптон.

Првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Баерн ќе се одигра на 11 април, а реваншот е осум дена подоцна во Минхен.

Scroll to Top