Наполи, во неделата, доживеа тежок пораз од Милан (0:4). Покрај поразот натпреварот на го одбележаа и нереди на домашните навивачи, кои меѓусебно се степаа на трибините на „Диего Марадона“.
Во текот на натпреварот една од навивачките групи им го сврте грбот на играчите и започна да го навредува претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис. Другиот дел одби да го стори тоа и се обиде да го поддржи тимот.
Италијанските медиуми јавуваат дека тоа била причината за тепачката и повеќе запалени и фрлени факели кон крајот на мечот ги избркале мирните навивачи од трибините.
Сопственикот на Наполи, Де Лаурентис во Рим ги коментираше настаните на стадионот на „Марадона“ и ги повика властите да го усвојат „законот на Маргарет Тачер“, со кој пред триесет години беа запрени навивачките немири во Англија.
Botte in curva tra tifosi del #Napoli al #Maradona durante #NapoliMilan. Vergogna assoluta 😡 pic.twitter.com/DH9y2AXbRu
— Antonello Perillo (@anperillo) April 2, 2023
„Не, воопшто не ме загрижува поразот. Во фудбалот, исто како и во животот, победувате и губите. На крајот е важен само конечниот резултат“, изјави првиот човек на Наполи, осврнувајќи се на нередите на навивачите.
„Обвинителството во Неапол отвори случај и одговорните ќе одговараат. Ова е приказна која трае 50 години. Додека не го направиме во Италија она што Тачер го направи во Англија, ќе имаме проблеми. Тоа не се навивачи, тоа се криминалци кои доаѓаат на стадионот да ги малтретираат нормалните навивачи и семејства кои доаѓаат да гледаат фудбал“.