Top Sport

Анчелоти: Нема да се му се правдам на Модриќ ако утре биде резерва

Реал Мадрид утре ќе и гостува на Барселона во реванш натпреварот, во полуфиналето на Купот. Првиот меч во Мадрид заврши со победа на Барселона (0:1). Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека „Ел Класико“ ќе го добие тимот кој ќе одигра на искуство и енергија.

„Тоа е најважниот натпревар за навивачите, за играчите. Има големо ривалство и ова е изедначено натпреварување. Мораме да одиграме еден комплетен натпревар бидејќи на претходниот некои работи не ги одигравме онака како што сакаме. Енергија и искуство ќе одлучат. Исто така, мораме да бидеме многу добри во одбраната, тука ќе биде клучно искуството на ветераните“, изјави Анчелоти.

„Кралскиот клуб“ и Анчелоти имаат императив да победат, бидејќи каталонскиот клуб ги победи во три натпревари во три конкуренции од почетокот на 2023 година.

Италијанскиот стручњак на конференцијата пред мечот со Барселона, беше прашан дали Лука Модирќ и Тони Крос се недопирливи во тимот.

„Недопирливи се, но тоа не значи дека ќе играат против Барселона од самиот почеток. Нема да им се правдам, затоа што не морам да им ги објаснувам моите одлуки. Тие не прашуваат, разбираат. “ изјави Анчелоти.

Scroll to Top