Top Sport

Челси и Ливерпул останаа на „нула“, Лестер и понатаму си губи

Челси и Ливерпул одиграа без голови на „Стемфорд бриџ“. Оваа „нула“ можеби најдобро ја отсликува нивната сезона, но мора да се признае дека возбудувања не недостигаа. ВАР беше на страната на Ливерпул, со оглед дека не беа признати два гола за Челси, што ги постигнаа Рис Џејмс и Каи Хаверц.

Најдобрата шанса за Ливерпул ја имаше Џо Гомез, но Кепа успеа да одбрани.

 

Лестер губи и по заминувањето на Брендан Роџерс. Астон Вила триумфира со 1:2 на гости, а стрелци на головите беа Оли Воткинс и Бертранд Траоре.

Лидс Јунајтед со 2:1 славеше против Нотингем Форест, а Брајтон на гостински терен оствари триумф (0:2) против Борнмут.

Scroll to Top