Баерн Минхен остана без еден од трофеите откако синоќа сензационално беше елиминиран во Купот на Германија од Фрајбург. Баварскиот тим на „Алијанц арена“ загуби со 1:2, а јавноста ја згрози младата ѕвезда Џамал Мусијала, кој по поразот не сакаше да му подаде рака на тренерот на Фрајбург, Кристијан Штрајх. Тој во 93.минута играше со рака во шеснаесетникот на Баерн, а противникот доби пенал и можност за триумф која ја искористи.
Тој дојде на теренот да се поздрави со фудбалерите, но кога му се приближи на Џамал Мусијала, младата ѕвезда на Баерн Минхен не сакаше да му подаде рака на противничкиот тренер, дури и се потруди да избегне воопшто да го допре.
Тоа беше втор натпревар за новиот тренер Томас Тухел на клупата на Баерн Минхен и прво големо разочарување.