Македонија од 19. до 29. септември ќе биде организатор на Светското екипно првенство во шах за сениори кое ќе се одржи во Охрид и во Струга.
За првпат во историјата на самостојна Македонија, ФИДЕ и додели на ШФМ и нашата земја организација на настан од светски рамки.
„После 50 години Македонија ќе биде домаќин на едно големо светско шаховско натпреварување. Секоја чест и благодарност на сите кои се вклучија во овој проект и нѐ поддржаа“, истакна претседателот на Шаховската федерација на Македонија, Саша Богдановиќ, по добивање на организацијата на Светското првенство.