Top Sport

Јуве се седми, но за Алегри мечот со Лацио е „директен дуел за второ место“

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри вели дека мечот со Лацио е „директен дуел за второто место“, иако погледот на табелата покажува дека „бјанконерите“ се на седмото место на табелата. По казната од 15 поени поради лажно претставување на вредноста на трансферите во клубот, Јувентус се на 11 поени од Лацио, но со победа би ги поминале на табелата ако им се усвои жалбата.

Токму затоа, Алегри смета дека се работи за борба за второ место зад недостижните Наполи.

„Лацио имаат одлична сезона и затоа ова е директен дуел за второ место. Маурицио Сари се врати на основата на неговата тактика, и ќе биде многу тешко да се стигне до три поени“, вели Алегри.

Лацио имаат само еден пораз во последните 12 меча, а имаат и една од најдобрите одбрани во лигата.

Scroll to Top