Top Sport

Кандрева со луд гол во 90. минута ја продолжи лошата серија на Интер

Лошата серија на Интер во Серија А продолжува, откако по три порази во низа во Серија А, нивниот поранешен фудбалер Антонио Кандрева со гол во 90. минута осигура 1:1 реми на Салернитана.

Тимот на Симоне Инзаги дојде во водство во 6. минута кога Ромелу Лукаку му асистираше на Робин Госенс за прв гол од игра на „нераѕурите“ по речиси 500 минути игра. Лукаку даде два гола во последните пет меча на Интер, но од пенал, што значеше дека последниот гол од игра на „нераѕурите“ беше тој на Лаутаро Мартинез против Лече на 5 март.

Кога се веруваше дека гостите ги освоиле трите поени, 36-годишниот ветеран Кандрева со невројатен гол од неверојатен агол ги скрши срцата на навивачите на Интер.

Scroll to Top