Во првата евролигашка сезона по осум години, Партизан успеа да стигне до плејофот, откако во драматичен меч на гости кај Монако, иако пропуштија предност од 15 поени, стигнаа до 88:84 победа за уште еден фантастичен успех на тренерот Жељко Обрадовиќ. Со Новак Ѓоковиќ и неговото семејство на трибината, победата не само што ги носи во плејофот, туку и на делба на петтото место со Фенербахче и Макаби Тел Авив пред последното коло.
По лошиот старт на мечот, Партизан успеа да се врати преку одличниот Алекса Аврамовиќ (кој заврши со 22 поени), за да стигнат до 42:35 предност по првото полувреме. Во третата четвртина, белградскиот клуб отиде и на 15 поени предност (53:38), но потоа следуваше криза и со серија од 12:0, Монако ја врати неизвесноста. Сепак, Партизан го одржуваше водството до самиот крај на мечот, кога Мајк Џејмс им донесе предност на Монако од 78:77. Кевин Пантер, се враќа со тројка за 84:80 на 16 секундкипред крајот, за потоа да стигнат до победата.
ЕВРОЛИГА, 33.КОЛО
Панатинаикос – Алба Берлин 84:88 (17:25, 25:24, 26:17, 16:22)
Олимпија Милано – Барселона 84:76 (18:21, 21:15, 19:12, 26:28)
Монако – Партизан 84:88 (22:18, 13:24, 21:20, 28:26)