Top Sport

Далас Маверикс неславно ја завршија сезоната

Кошаркарите на Далас Маверикс останаа без шанси да играат во плеј-ин. Маверикс, изминатата ноќ, загубија во Чикаго 115:112.

За прв пат од 2019 година, Далас ќе ја заврши сезоната веќе по завршувањето на лигашкиот дел, а последниот натпревар против Сан Антонио Спарс ќе биде ревијален за двата тима.

Сезоната се распадна за Мавс во последните неколку недели, бидејќи имаат само две победи во последните 10 натпревари, односно забележаа само четири победи на во последните 15 средби.

Се се совпадна со кризата во која западна Лука Дончиќ, кој откри дека има лични проблеми, додека доаѓањето на Кајри Ирвинг не донесе апсолутно ништо.

Во Чикаго, Дончиќ играше само во првата четвртина, а дотогаш постигна солидни 13 поени и забележа пет скока и три асистенции. Во тимот поради наводни повреди ги немаше Кајри Ирвинг, Тим Хардавеј јуниор и Макси Клебер.

Верувале или не, иако одигра една четвртина, остана најефективниот играч на Далас до крајот на натпреварот.

Исто толку постигнаа Морис и Рајт, додека Лосон имаше 12, а Дејвис Бертанс 11 поени.

Ниту 15 поени предност на полувремето не им помогна на Мавс, бидејќи Булси направија пресврт благосарение на Вајт (24 поени и 11 асистенции), Вилијамс со 23 поени и Никола Вучевиќ со 20 поени и 10 скока.

Наместо Далас, место во плеј-ин од Западната конференција избори тимот на Оклахома сити Тандер.

Scroll to Top