Во првиот натпревар од саботната програма во рамките на 29. коло во Серија А, Удинезе и Монца одиграа нерешено, 2:2. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски избори пенал во 92. минута, со кој Удунезе се спаси од пораз.
Растоварени од грижите околу опстанокот во лигата Удинезе и Монца одиграа исклучително динамичен, квалитетен и неизвесен натпревар. Удиензе имаше предност на полувремето, Монца во вториот дел направи пресврт, а бод за Удинезе спаси Бето од пенал.
Удинезе поведе во 25. минута со голот на Словенецот Санди Ловриќ, по додавањето на Валас. Тимот од „Дачија Арена“ беше многу подобар ривал во првото полувреме, но целосно застана во вториот дел.
Тоа го искористи Монца и израмни во 48. минута преку Колпани, додека младиот Ровеља осум минути подоцна го режираше пресвртот.
Гостите се пак не издржаа, Несторовски избори пенал во 92 минута, кој го реализираше Бето. Несторовски на теренот влезе во 83.минута на местото на Суксес.