Top Sport

Кимих предизвика хаос по победата на Баерн во Фрајбург

Во натпреварот од 27. коло на Бундес лигата, Баерн славеше 1:0 со голот на Матијс де Лигт во 51. минута. Баварците на тој начин му се реваншираа на Фрајбург за неочекуваната елиминација од Купот.

Ситуација на теренот се вжешти по последниот свиреж на судијата. Фудбалерот на Баерн Џошуа Кимих со стиснати тупаници славеше пред трибината на која секогаш се најжестоките фанови на Фрајбург.

Потоа играчите на Фрајбург го нападнаа играчот од средниот ред на Баерн и за малку ќе дојдеше до физичка пресметка.

„Треба да се радувате на трите бода и да не ги провоцирате противничките навивачи. Тоа е неспортско и непотребно“, изјави играчот на Фрајбург, Николас Хофлер.

Експертот за „Скај спорт“, Дитмар Хаман, смета дека Кимих претерал со својата реакција.

„Младите фанови гледаат. Џошуа Кимих е долго време во лигата. Тоа не му дава право да ги провоцира навивачите на Фрајбург. Непотребно е. Верувам во карма. Сè ќе се врати на крајот. Ја предизвикува судбината. Пред себе го имаат Сити, тесно е во лигата. Едноставно ова беше непотребно непотребно“.

Откако му стана јасно дека претерал со реакцијата Кимих им се иавини на играчите и навивачите на Фрајбург.

 

Scroll to Top