Мечот помеѓу Реал Мадрид и Вилјареал вчера имал и „трето полувреме“, откако ѕвездата на „кралевите“ Федерико Валверде го удрил крилото на Вилјареал Алекс Баена чекајќи го на паркингот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ поради навредлив коментар од претходниот меч на двата тима во јануари.
Конфликтот доаѓа од мечот во Копа дел реј, кога 21-годишниот Баена наводно му каал на Валверде: „Плачи, твојот син нема да се роди“. Во февруари, партнерката на Валверде, Мина Бонино на социјалните мрежи откри дека стравувала од спонтан абортус, пред прегледите да покажале дека нема проблеми. По вчерашниот 3:2 триумф на Вилјареал, 24-годишниот Валверде му порачал на Баена да го повтори тоа што го кажал, пред да го удри во лице.
Вилјареал и Баена го демантираат ова, а клубот го пријавил инцидентот на шпанската полиција, додека Баена уште не одлучил дали ќе го тужи Уругваецот.